Боки 13 ги пуштил во оптек парите што ги зел во „Рекет“ како легално стекнати

Завршена е постапката за пописот на привремено одземените предмети од осомничениот Бојан Јовановски Боки 13-ка во случајот „Рекет“ што вчера ја правеше Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пренесува Пулсинфо“.

Согласно закон, одземените предмети по извршениот попис се чуваат во Агенцијата за управување со одземен имот до правосилност на пресудата за сега осомничениот Јовановски. Доколку обвинетиот се огласи за виновен, по правосилноста на пресудата одземените предмети со одлука на судот ќе бидат трајно одземени.

Од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води случајот “Рекет“ за Плусинфо велат дека за осомничениот Бојан Јовановски (Боки 13) од кого беа одземени предмети, во моментов се води истрага и за кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што претходно примените парични средства од кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ ги пуштил во оптек како легално стекнати пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега