Боки 13 бараше домашен притвор: „Нема да бегам“- „Не го најдовме во библиотека, туку на граница да бега“, му возврати Рускоска

Одбраната на Бојан Јовановски бараше укинување на мерката притвор за Бојан Јовановски. Бранителот Сашко Дуковски рече дека обвинетиот Јовановски нема да бега, ниту да се крие и активно ќе учествува во судскиот процес, пренесе ТВ21.

По ова веднаш реагираше обвинителката Вилма Рускоска која рече дека сега обвинетиот Јовановски не го нашле во библиотека кога е приведен, туку на граница во обид за бегство.

„Судија, полицијата не го најде во библиотека, туку на граница во обид за бегство. Јас се противам против укинување на мерката притвор“, истакна Вилма Рускоска во судницата.

„Ноторна лага е искажана на висок тон. Јас одев во Миконос на одмор, не е точно дека јас бегав. Ниту сум имал намера да бегам, ниту пак да се кријам од законот за нешто што не сум го направил. Ноторна лага е дека јас сум возел 200км/час и сум избегал на полицијата. Општа тенденција и на сите им е јасно дека јас треба да бидам во притвор“, додаде Бојан Јовановски во судницата.

Судењето денеска продолжи во старата зграда каде беше започнато со сослушување на сведоци кои се предложени од страна на одбраната.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега