Боки 13 аплицирал за трговските марки Северно Македонска Пошта и Северно Македонски Телеком

Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки, објави „Плусинфо“.

Но, тоа не би било ништо необично, доколку меѓу тие трговски марки не е и Северно Македонска Пошта. Трговската марка не е регистрирана, но апликацијата постои. Замислете, Боки аплицирал и за трговската марка Северно Македонски Телеком!

Ова може да се провери на следниов линк.

Во полето Aplicant/Owner, треба да се впише името и презимето на Бојан Јовановски, со кирилични букви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега