Богоевски за „бомбата“: Ме снимал такстит додека разговарам, пред неколку месеци

„Бомбата“ која вчера се појави на руска социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, всушност ја направил таксист.

Таксистот го снимиле Богоевски додека се возел во таксито пред неколку месеци и затоа на снимката се слуша само неговиот глас. 

Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил каде се огласи за снимката.

На прашањето од кога датира снимката, тој напиша:
-Од пред неколку месеци. Ме снимал такситот додека разговарам.

Богоевски на Фејсбук претходно напиша дека негов е гласот, но не е точно дека нарачува кокаин туку масло од канабис за негова блиска болна личност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега