Богоевски: Треба да бидеме внимателни, сè уште никој не го видел францускиот предлог

Поранешниот пратеник Павле Богоевски гостуваше во емисијата „24 анализа“ при што кажа дека објавата на бугарскиот медиум „Медиапул“ треба да се земе со резерва.

„Тоа е сајт кој провоцирал и во минатото. Дел од опозицијата падна на тоа и почна да прогласува нокаут на дипломатијата на Македонија. Треба да бидеме внимателно и да ги следиме информациите што се на располагање. Засега никој не го видел предлогот“, вели Богоевски.

Исто така, Богоевски смета дека по објавување на предлогот следи турбулентен период на бугарската политичка сцена.

16.06.2022 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа