Богоевски по снимката: Тестирајте ме за дрога

Откако се појави снимката на која се слуша како пратеникот Павле Богоевски нарачува дрога, денеска бил во полициска станица.

На излегување, за Телма изјави дека ќе направи сѐ што ќе побара од него полицијата, ако е потребно и тестирање за дрога.

Богоевски најави дека ќе се заложи за промена на законите, т.е. за декриминализација на личната употреба на канабис и да се олабави законската рамка за медицинска употреба

- „Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните“, вели Богоевски.

Инаку, претходно на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. 

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега