Богоевски: Гаќите се најмала работа што треба да им се истресе на тие луѓе

Гаќите на судиите се најмалата работа која треба да им се истресе на вработените во судовите, рече Павле Богоевски во вечерашното издание од дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

-Како човек кој што е малку потрајно разочаран од работата на судовите, не само моментално, може слободно да кажам дека гаќите се најмалата работа која треба да им се истресе на тие луѓе и на вработените во тие институции. Американците имаат многу добар систем на закони, којшто се вика Закон на сончевата светлина според кој секоја комуникација помеѓу двајца функционери или функцинери и странка е прашање на јавен податок. Јас како граѓанин можам во секој момент да прашам на која тема разговарале господинот Димовски како пратеник во Собранието и господинот ЗИков како директор, бидејќи и двајцата се функционери во оваа држава - кажа Богоевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега