Богоевски даде оставка - Кој ќе го земе неговото место

Павле Богоевски денеска на седницата за одземање на мандатот на Груевски, поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели. 

Тој на седницата за одземање на мандатот на Груевски кој шест месеци е неоправдано отсутен, кажа дека гласот за одземање на мандатот, ќе биде негов последен глас во Собранието. По скандалот се решил да поднесе оставка, информираше денеска.

Откако ќе биде констатирана неговата оставка, се отвора место нов пратеник да стане Александар Филиповски, кој ќе го заземеше 17-тото место во листата, пренесе Фокус.

Богоевски беше на петтото место на пратеничката листа на СДСМ на парламентарните избори на крајот на 2016 година во првата скопска изборна единица, која ја предводеше новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски, по кого следуваа Реаната Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега