Богоев: Буџетот за 2023 обезбедува средства за повисоки плати и пензии

 

Стефан Богоев од СДСМ денеска на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината" во општина Брвеница порача дека СДСМ за целиот период од светската економска криза покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.
 
„Во таа насока е и Буџетот за 2023 година кој е во Собрание а со кој обезбедуваме дополнителни 250 милиони евра за нови мерки за помош на граѓаните.  Дополнително, ги  зголемивме и средствата за плати и пензии, тоа значи дека и следната година ќе има раст на минималната плата и на пензиите“, порача Богоев.
 
Богоев истакна дека бројни податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ а последен показател е растот на просечната плата која во септември изнесува 32.553 денари.
 
„Тешко е за сите, тешко е и за нас во оваа светска криза,  но се бориме и ќе продолжиме да се бориме да биде подобро за сите. Заедно ги надминуваме последиците од кризата, заедно ќе ја обезбедиме сигурната и стабилба иднина и нема да дозволиме никој да ги загрозува државните и националните интереси“, порача Богоев. 
25.11.2022 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега