Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1тв

Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет,во телевизијата осамна со нов сопственик.


Скопјанецот Богдан Дамјановски е физичкото лице кој се легитимирал во Управата за јавни приходи како новиот сопственик на телевизијата „1ТВ“.

Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. 

 Во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.

Долговите на телевизијата се околу 30 милиони денари, односно повеќе од 400,000 евра, според информациите на Управата за јавни приходи.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок, информираше УЈП на вчерашниот брифинг за новинари.

Даночните инспектори ќе поднесат кривична пријава и за Јасна Мандиќ,  Миле Јовановски,  БМЈ Медија груп, фирма која е сопственик на телевизијата 1 ТВ, како и Томато продукција во чии простории работеше телевизијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега