Бочварски: Превозникот не го пријавил возилото, започнавме постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса-транс“

Министерството за транспорт и врски работи на утврдување на сите причини за настанувањето на несреќата. Превозникот до МТВ доставил барање на 18.07.2018 година за добивање на лиценца за вршење меѓународен превоз на патници. Доставена е целокупната документација со што се исполнети условите и е издадена лиценцата. Доставена е уредна документација за извршено технички спецификации за возилата. Доставени е и список на возачи, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој истакна дека превозникот не го пријавил возилото кое ноќеска беше опожарено во Бугарија каде починаа 46 државјани на Македонија.

-Превозникот до овој момент има уредна лиценца за меѓународен превоз на патници. Во рамки на свои надлежности министерството издава лиценца како и извод од лиценца за меѓународен превоз на патници за секое возило поединечно. Констатираме дека возилото не било пријавено од страна на превозникот и поради тоа возилото го нема во електронската база на мин за транспорт и врски. Согласно овој член од законот превозникот е должен не покасно од 15 дена да го извести министерството за сите промени односно пријавување на возило или возач, рече Бочварски.

Тој додаде дека надлежен за регулирање на меѓународните превози е Инспекторат за транспорт. Министерството за транспорт и врски отпочнало постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот. Бочварски додава дека владата денеска го задолжил Инспекторатот за транспорт да изврши инспекција на компанијата.

23.11.2021 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега