Бочварски: Инвестираме 50 милиони евра за патно поврзување со Бугарија

Инвестираме 50 милиони евра во патната инфраструктура за поврзување со Бугарија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увидот на активностите за обнова на патот Трстија -Бигла.

Бочварски истакна дека со инвестициите во нови патишта во источниот регион се инвестиции во добрососедство и оти ќе овозможат подобро поврзување и соработка на општините, бизнисите и граѓаните од двете страни на границата.

Министерството за транспорт и врски, наведе Бочварски, како никогаш досега инвестира во изградба на нови патишта во источниот регион. Веќе е изграден првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, се гради вториот дел од овој пат којшто е многу значаен за поврзување на Штип и Кочани, но и за поврзување на овој регион со граничниот премин со Бугарија. Веќе е рехабилитиран  и патот од Македонска Каменица  до Делчево, а се работи и на овој алтернативен пристапен пат до Делчево од Виница.

– Во овој регион и во патните прваци кои директно ја поврзуваат Република Северна Македонија со Бугарија инвестираме 50 милиони евра во патната инфараструктура за поврзување на општините и бизнис секторот од двете страни на границите, така што ние инвестираме во добрососедство и во патната инфраструктура. Мора да го споменам и транзитот низ Делчево и патниот правец од Делчево до Ѕвегор со што даваме целосно нова слика на патната инфраструктура во источниот регон со што се поврзуваме и со Република Бугарија, изјави Бочварски.

Го рехабилитиравме, дополни тој, и патниот правец од Берово до Клепало, каде што едно од прашањата и интересите на двете држави е да се отвори уште еден граничен премин што ќе биде од значење за двете држави. Во меѓусебна комуникација и соработка  убеден сум дека можеме да дадеме свој придонес во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, конекцијата, зближувањето, но и економската соработка, рече Бочварски.

Тој најави и повторно актуелизирање на изградбата на пругата кон Бугаријаи нова постапка за избор на изведувач за делниците Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка. По прекинот на изградбата на правата фаза и повлекувањето на изведувачот на работите се прави анализа колкав дел е завршен за да останатиот дел биде дел од постапката што ќе следи и за втората фаза.

– Очекуваме во првиот квартал од  2021 да биде распишана  новата постапка и  конечно да видиме нов прогрес со нов и сериозен  квалитетен изведувач  во овој дел, изјави Бочварски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа