Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека  гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово, преку Штип до Неготино, Прилеп и Битола, веќе е реализиран со над 90 проценти прогрес и реализација, а кракот магистралата од Скопје преку Тетово и Гостивар веќе има реализација над 65 проценти. Паралелно, нагласи тој, се работи на поврзување на проекти со Косово и Грција.

-Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас, со тоа што ќе се снабдува Косово и во иднина и Црна Гора преку нас, преку интерконекторот кој доаѓа од Грција, рече Бочварски во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Во однос на гасификацијата на градовите, вели Бочварски, нема потреба опозицијата да поднесува амандмани за трошење на буџетски пари, зошто Владата веќе е во процес на јавно приватно партнерство со компанија и, според него, веќе има две заинтересирани турски компании за гасифицирање на сите градови во државата без трошење на буџетски средства. Тој најави дека приватниот партнер за гасификацијата ќе вложи  350 милиони.

Тој говореше и за капиталните инвестиции. Владата, рече, со ребалансот 470 милиони евра директно насочи кон граѓаните за да се големи економската активност.

Очекуваме, рече Бочварски, наредната година да може да продолжиме со нормален тек. И оваа година капиталните инвестиции се движеа без одреден застој. Се она кое имаше добар тек и развој се реализираше и останаа средства да се реализираат тие проекти. Не правевме кратење на проектите каде имаше добра реализација и така ќе биде наредната година, рече Бочварски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега