Бочварски: Автобусот е „мерцедес“ од 2007 година, не сум стручен да кажам дали овој автобус е безбеден

„Автобусот е „мерцедес“ од 2007 година, не сум стручен да кажам дали овој автобус е безбеден“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во своето гостување на Студи 10 на ТВ24.

„Лиценцата на компанијата е со важност од 2018 година до 2022 година, но тоа возило не е пријавено во нашата база на податоци. Поради тоа нема добиено лиценца, нешто што е потребно за излез од границите. При излегувањето од државата не бил евидентиран извод од лиценца во тие формулари кои се пополнуваат на граница, од страна на Царинската управа. Во однос на предметот со оваа компанија, кога го добивме дописот од МВР, за официјалното возило, покренавме постапка за одземање на лиценцата на компанијата, тоа ни го овозможува законот. „Беса транс“ сега нема лиценца за работа, за превоз на патници. Службите кај нас работат тековно, до мене вчера дојдоа два предмети на две компании кои побарале лиценца, а кои биле одбиени. Правилата на игра се знаат, мора сите чинители во општеството мора да ги вршат своите дејности според процедури. Автобусот е „мерцедес“ од 2007 година, не сум стручен да кажам дали овој автобус е безбеден. Со мојот бугарски колега имав разговор, оставивме простор доколку треба заедно да одиме на местото на несреќата, имаме постојана комуникација. Не отидов во Бугарија затоа што премиерот и двајца колеги отидоа таму. Главниот збор и таму го има Обвинителството“ - кажа Бочварски во Студио 10 на ТВ24.

25.11.2021 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа