„Блумберг“: Макрон смета дека ЕУ не е подготвена за прием на нови земји членки

Како што јави глобалната медиумска мрежа „Блумберг“, Франција и претседателот Емануел Макрон инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови земји – членки.

 

„Блумберг“ наведува дека иако најголем дел од земјите членки го поддржуваат барањето за старт на преговорите, Франција и Холандија посакуваат претходно да има целосен ремонт на процесот на проширување на Унијата. Макрон бара преговорите да бидат “постепени, поконкретни во придобивките за заинтересираните држави“, но и реверзибилни врз основа на постигнатите реформи. Овој документ на 10 октомври, француските дипломати веќе го доставиле до останатите ЕУ членки.

Инаку, вечерва Макрон ја пречека во Париз германската канцеларка Ангела Меркел, која е поборник за Скопје и Тирана да добијат датум за преговори. На дневен ред е и прашањето за проширувањето, но сè уште нема конкретна вест за резултатите од средбата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега