Блокиран магистралниот пат Струмица - с.Ново село - се случи тешка сообраќајка

Сообраќајот е прекинат на магистралниот пат Струмица - с.Ново село поради случена сообраќајна несреќа, информираа од АМСМ.

„Од 14.10 ч. сообраќајот на магистален пат Струмица - с.Ново село , на делницата од Струмица кон с.Дабиле во близина на клучката кон с.Сачево е  во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Сообраќајот е пренасочен е по локален спореден земјен пат“, стои во нивното соопштение испратено до медиумите.

Информации за повредени и останати детали се уште нема, откако МВР ќе се обратат, дополнително ќе соопштиме.

06.08.2022 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа