Блокиран целиот имот на Трифун Костовски

Кривичниот суд му го замрзна имотот на бизнисменот Трифун Костовски, кој беше сопственик на Еуростандард Банка.

Костовски во колумна со наслов „И тоа е можно…“ објавена на интернет порталот „Либертас“ потврди дека по завршување на предистражната постапка што ја спроведува Јавното обвинителство му е блокиран целокупниот негов имот.

„Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против. Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна“, пишува Костовски.

Бизнсименот Трифун Костовски во повеќе наврати обвини дека НБРМ е џелатот на Еуростандрд, иако раководството знаело дека за банката има заинтересиран купувач.

Засега ниту судот, ниту Обвинителството се уште ја немаат потврдено оваа информација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа