Близу 90% од граѓаните се против увоз на отпад во Македонија – половина од нив сметаат дека бројот на диви депонии расте

Девет од десет граѓани се противат на праксата на увоз на отпад во Македонија, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 89,6% од анкетираните граѓаните велат дека се против увоз на отпад во Македонија, додека 3,9% од граѓаните даваат поддршка.

49,1% од граѓаните сметаат дека во Македонија е дозволен увоз на отпад од други земји, 27,4% сметаат дека тоа е забрането додека 23,4% велат дека немаат информации за тоа.
63,9% од анкетираните граѓани велат дека отпадите во Македонија не работат законски, додека само 15,1% сметаат дека отпадите работат во согласност со законот.
Дури 65,9% од анкетираните стравуваат дека во државата се уште има опасен отпад како последица на работењето на одредени индустрии, додека 11,9% сметаат дека таков отпад нема.

48,4% од анкетираните сметаат дека бројот на диви во изминатите неколку година се зголемува, 25,9% се на ставот дека тој останува ист додека само 7,1 велат дека бројот на диви депонии во изминатите неколку години се намалува.
Правилното менаџирање со отпадот, според анкетата на Детектор е многу важно за граѓаните. Дури 58,7% од нив на скалата од 1 до 5 оваа потреба ја оцениле со највисока оценка.

40,9% од анкетираните сметаат дека со членството во Европската Унија Македонија полесно ќе се справува со проблемот со менаџирање на отпадот. 26,4% сметаат дека нема да има некоја разлика додека 15,7% очекуваат по членството во ЕУ менаџирањето со отпадот да оди потешко.

Анкетата за Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега