Блинкен изрази сочувство до граѓаните на Македонија и на Бугарија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска упати изрази на сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради загубените животи на голем број луѓе во автобуската несреќа во близина на Софија и пожарот во домот за стари и изнемоштени лица во Бугарија.

– Стејт департментот и американскиот народ изразуваат длабоко сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и вчерашниот пожар во дом за стари и изнемоштени лица. Нашите срца се со сите ужалени, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Блинкен на Твитер.

Автобус со македонски регистерски таблички, кој се враќал од Истанбул, утрово во три часот по полноќ се запалил во движење на автопатот Софија-Благоевград, кај селото Бошнек. Во несреќата загинаа 46 патници, меѓу кои 12 деца, а седуммина се повредени.

Во  пожар којшто вчера го зафати домот за стари и изнемоштени лица во селото Ројак, во источниот дел на Бугарија, загинаа девет лица, од кои некои се задушиле од чад, изјави претходно висок претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи.

23.11.2021 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа