Бизарниот момент меѓу Трамп и Меланија: „Не се ни заврте, се гледа дека е навикната на такво однесување"

Камерите повторно забележале необичен момент меѓу Меланија и Доналд Трамп, по финалната претседателска дебата.

Меланија и Доналд се држеле за рака и мавтале од бината, но кога заминувале, корисниците на социјалните мрежи забележале дека Меланија ја тргнала својата рака од таа на Трамп.  

„Меланија повторно ја тргна раката", "Таа ја повлече раката, а тој ја турна", "Па тој тука делува насилно", "Со оглед на тоа дека не изреагира на неговото туркање, очигледно е дека е навикната на такво однесување", "Меланија, дали си добро", коментирале твитерџиите на видеото.

Инаку, Меланија токму на денот на финалната дебата е прв пат видена во јавност откако прележала Ковид-19

На дебата се појавила во едноставно, класично издание. Одбрала темна тоалета која имала колан на половината.

За разлика од неа, Џил Бајден, сопругата на Џо Бајден, се одлучила за повпечатлива тоалета со цветни мотиви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега