Битолчанка сакала да го изнесе ливчето од гласачкото место, МВР ја казнило

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и повреда на избирачки молк. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вели дека тие не можат да го нарушат избирачкиот процес.

„Во текот на изминативе часови се појавија одредени написи во одредени медиуми за одредени инциденти. На пример во Липково, а претходно во Битола. По проверка се надминаа инцидентите и гласањето продолжи. Имаше еден инцидент со гласачко ливче, гласачот го сликал ливчето. Од страна на МВР беше санкциониран. Исто така има гласачка во Битола која се обидела едно ливче да изнесе од гласачкото место. И таа е санкционирана, го заборавила, го оставила ливчето“, рече претседателот Деркоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега