Битолчанец возел „мортус пијан“, измерени 3,28 промили

 
Министерството за внатрешни работи информира дека Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден, во засилена акциска контрола, изрекол вкупно 57 мерки, а притоа се измерени 3,28 промили алкохол во крвта на еден возач.
 
 
-Од 57 санкционирани возачи, 10 биле за возење без возачка дозвола, 11 мерки за брзо возење, четири санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол, соопштуваат од полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР. 
27.09.2022 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа