Битолчанец паднал од скала - починал на операциона маса

Во Битола вчера во 15,00 часот од страна на Клиничка Болница Битола, во СВР Битола беше пријавено дека со возило на итната медицинска помош било пренесено повредено лице.

Од извршениот увид беше констатирано дека се работи за 83-годишниот Р.З  од Битола кој истиот ден околу 11,00 часот додека ги режел дрвата во дворното место на неговата куќа паднал од скалата на која се качувал и се повредил, пренесе Тв21.

Веднаш бил транспортиран во Клиничка Болница Битола но за време на хирушката интервенција лицето починало.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега