Битола: Жена изгубила контрола врз воланот, па излетала од коловозот - со возилото се забила во ограда

На 01.12.2022 во 13.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, М.Г.(51) од Република Грција, управувајќи патничко возило „нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгубила контрола, излетала од коловозот и удрила во заштитна ограда. Во несреќата, М.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.  

02.12.2022 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега