Битола ја продлабочи соработката со израелскиот град Бат Јам

Делегација на градот Бат Јам од Израел, преводена од заменик градоначалникот Ури Бускила, оствари работна посета на Општина Битола и средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата, заменик градоначалникот Бускила истакна дека досега во три наврати ја посетил Битола и е воодушевен од пријателскиот дух на градот, како и од приемот на битолчани.

-Заедничкото минато кое што го има градот Битола со еврејската заедница, е неоткинливо парче од нашата историја, посочи на средбата градоначалникот Тони Коњановски и истакна дека општината со особена почит се однесува кон досегашните создадени релации со Израел, со цел во иднина истите да се продлабочуваат и интензивираат.

Коњановски и Бусила најавија дека двата града ќе започнат иницијатива за збратимување, на задоволство на жителите, бизнис заедницата и културно-историските релации.

Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел.

Вечерва, во рамки на Бит Фест, во Офицерскиот дом, преку музичка и видео разгледница наречена „Бат Јам – ќерката на морето“, ќе биде претставен овој израелски град, со што битолчани ќе добијат поширока слика за медитеранската ќерка на морето.

16.08.2022 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега