Битиќи: Во период на криза нема време за политика, сите треба да работиме за граѓаните

Вицепремиерот Фатмир Битиќи гостуваше во „ТВ 24“, при што даде пофалба за потегот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која понуди помош во надминување на економската и енергетската криза.

„Во период на криза, време за политика нема, затоа што на крај на денот сите работиме за иста цел, а тоа е за граѓаните. Ние кажавме дека сметаме дека во Владата во институциите во склоп на системот се бараат решенијата, и искрено сметам дека разговорите не треба да се водат на друго место. Особено не во тесен круг, затоа сметавме дека економскиот совет е правата форма во која ќе се дебатира. Таму се сите економски чинители и од политичкиот сегмент, но и од светската фела плус универзитетската фела. Нешто налик на економскиот совет кој што го имавме кога беше ковидот.  Не се носат одлуки туку се расправаат решенија и се даваат совети на Владата, а Владата е таа која понатаму ги носи одлуките.“ порача Битиќи.

Присуство таму очекувам не само на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ туку и на неговиот тим од политичката партија кој што секако се добродојдени за да ги кажат своите видувања, кажа Битиќи.

03.10.2022 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега