Битиќи: Со Хрватска ќе го дорегулираме договорот за одбегнување двојно даночење со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ

 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се обрати на Бизнис форумот на стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.
 
 
Од Владата информиарат дека во рамки на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи  имал билатерална средба со хрватскиот вицепремиер и министер за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговарале за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ, како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Северна Македонија и земјите од регионот.
На средбата, како што се наведува, двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.
-Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Северна Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја, се вели во соопштението. 

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави, на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а учествуваат претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји.

26.09.2022 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега