Битиќи: Покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега

Покачувањето на пензиите ќе биде како никогаш досега, најави Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ Телма.

„Сега со усогласувањето сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти. Се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време. Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било до сега. Со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Се додека правиме анализи не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно.“- изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на телевизија Телма.

28.01.2022 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега