Битиќи: Не сметам дека ќе бидат оштетени лозарите

Досега не е видено како Влада да имаме толку брз одговор на потребата и ситуацијата со лозарите и искрено не сметам дека ќе бидат оштетени. Ова е едно решение во кое сите добиваме, ние како Влада, винариите и лозарите, а кога се сите добитници некој помалце губи.

Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за државна помош со германската компанија „ВИК Македонија“ во Владата.

-Би се радувале да ја немавме пандемијата па нивната цена на грозјето да се движеше како во претходната година или дури и да биде уште повисока. За жал ситуацијата е таква каква што е, особено што имавме и неповолна клима воопшто, па родот кој го имаме не е со толакав квалитет кој винариите и откупните центри го бараат. Има неколку негативни моменти кои не одат во полза на државата, а и на самите лозари, но ние го правиме максимумот возможен да им одговориме за да бидат најмалку оштетени, рече Битиќи.

Фондот кој што го одредиме околу 400 милиони денари само за лозарите, додаде, некој ќе може да каже дека можеле  да одат на некое друго место, но ние рековме дека ни се важни и дека можеби во овој момент нема да бидат покриени некои други буџетски расходи.

-Тоа е пристапот кога имате Влада која сака да најде решение и е партнер – сите страни влегуваат и изнаоѓаат решение и мислам дека примерот со лозарите е таков, потенцира Битиќи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа