Битиќи: Наскоро ќе добиеме нова влада предводена од Заев, шест-седум министри ќе се сменат

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во своето гостување за „Утрински брифинг“ кажа дека наскоро ќе сме добиеле „Заев 3“ влада. Но, повторно би била предводена од Заев, но би се сменила поставата на шест или седум министри.

-Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, кажа Битиќи.

Битиќи кажа дека и самиот тој смета дека била потребна промена на кадрите. Но, бил целосно ослободен од тоа дали ќе биде на новата листа.

-Реконструкцијата на владата е добра и сметам дека ќе треба да има одредена промена на кадрите. Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам на новата листа. Сметам дека резултатите го дефинираат тоа кој ќе остане, а кој ќе замине, вели Битиќи.

Вицепремиерот дополни дека треба да се преиспитаат зошто изгубиле.

16.11.2021 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа