Битиќи: Ако Германија има недостаток на работна сила и нашите одат таму, треба да сфатиме дека и ние сме привлечна земја за некои луѓе

Од 2011 до 2019 година од нашата држава се одлеале 700 илјади наши сограѓани или скоро секој четврти заминал од државата. Иако тој тренд се намалил во ковид периодот, за жал, тоа претставува сериозен проблем, не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политиките туку за целото општество, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Додаде дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.

– Конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мораме да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку што може да придонесе, а тоа значи реквалификација, преквалификација, менување на навиките за работа, истакна Битиќи.

Додаде дека штетата што е направена не можеме да очекуваме да се поправи за еден ден или за една година туку дека треба период од неколку години, и потенцираше дека треба да сфатиме дека увозот на луѓе за работна сила која што ни недостига е еминентен.

– Ако во Германија има недостаток на работна сила и нашите одат во Германија, треба да сфатиме дека и ние сме привлечна земја за одредени други земји коишто би дошле и секако би работеле затоа што платите коишто се плаќаат кај нас можеби се поконкурентни од земјите од каде што доаѓаат, посочи Битиќи, со примери на сериозниот број работници коишто доаѓаат од Турција да работат во нашата држава, како и тие што доаѓаат од Индија и Пакистан да работат во ИТ секторот.

27.09.2022 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега