Бислимовски: Училишта „прилепени“ на кујни плаќаат пониска цена на струја на сметка на граѓаните
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во „Топ Тема“ на „Телма“ зборуваше за тоа дека некои училишта се „прилепени“ на кујните за да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар.
„Во некои училишта има кујни, кои според тарифниот систем имаат цена како за домаќинствата. Има и такви кои се прилепени на кујните за да плаќаат цена на регулираниот пазар, а тоа е проблем затоа што сметката на крајот ја плаќаат граѓаните“, кажа Бислимовски.
Бислимовски вели дека мора сите да се однесуваат одговорно во услови на криза.
30.05.2022 - 20:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа