Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, во интервју за „360 степени“ појасни дека последното зголемување на цената на електричната енергија било неизбежно. Главната причина, според него, е критичната финансиска состојба на државната компанија ЕСМ, која мора да застане на „здрави нозе“.

Бислимовски откри дека производната цена на ЕСМ се движи помеѓу 90 и 100 евра за мегават-час, додека на универзалниот снабдувач му ја продава за само 65 евра.

„ЕСМ работи со загуби и е стожерна компанија во секторот. За нејзиниот опстанок немаме сценарио Б. Моравме да дадеме шанса за финансиско закрепнување, бидејќи доколку цената останеше на 62 евра, ситуацијата дополнително ќе се влошеше“, истакна Бислимовски.

Exit mobile version