Бислимовски најави: Бензините од полноќ повторно ќе поевтинат
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски кажа дека бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот не се менува.
Тој посочи дека намалувањето на цените ќе беше поголемо доколку не се зголемеше курсот на доларот во однос на денарот.
Од РКЕ потврдуваат дека предлог цените кои треба да се донесат на седница предвидуваат намалување на цената на бензините и најавуваат дека новите цени ќе бидат објавени денеска околу 12:30 часот на веб-страницата на Регулаторната комисија.
Со последната одлука што ја донесе РКЕ во петокот на 15 јули цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 102,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 104,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 98 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 денари за килограм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа