Бислимовски: Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија, од која зависиме од Господ
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска го објави калкулаторот со кој секое семејство може да си пресмета колку струја ќе троши ако биде по блокови.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски кажа дека Македонија е енергетски сиромашна држава.
„Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија, од која зависиме од Господ. За јагленот, производството на термо-електраните треба да се користи додека го имаме, но производната цена со овој квалитет на јаглен ќе расте. Исто така, дополнително се увезува јаглен. Овој период се надминува со инвестиции во фото-волтаици“, кажа Бислимовски.
Регулаторна го објави калкулаторот, па секој пресметките може да ги направи ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа