Бишевац: Не може Боки и Јанева да ја рекетираат целата држава

Ќе сведочам за организаторите и помагачите на овој настан и ќе поднесам кривични пријави. Камерите од куќата на моите родители ќе докажат кој заминува со торбата и каде, изјави обвинетиот Боја Јовановски на првото рочиште за случајот „Рекет“.

Да не заборавиме и што објави српски Курир на насловната страница. „Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка – им изјавил Бојан Јовановски на полицајците кога го привеле“, пренесе српскиот медиум. Коментирајќи го воведниот говор на Боки 13 во судот, поранешниот пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац вели дека ова може да се толкува како закана до организаторот, а притоа потенцираше дека ваква операција во која што „сите се рекетирани“ не може да се изведе без поддршка од актуелната власт.

-Се разбира дека обвинетите имаат право да се бранат на начин на кој што може да им помине. Да се разбира дека може да биде класична закана, до кого? Ако мене ме прашувате и тоа повеќе пати сум го кажувал „Рекет“ никако не е ни дело на Бојан Јовановски, ниту дело на Катица Јанева тие се едно или две нивоа во таа хиерархија која праткично функционирала на тој начин. Ние само збориме за еден бизнисмен, Орце Камчев. Заборавивме што се случувало со градежната фирма од Битола, заборавивме дека некој веќе платил 200 илјади сопственик на трговски ланци. Се зборува дека и други луѓе, фирмата на зетот на Фијат платила рекет, сите плаќале рекет. Тоа значи дека таму без сериозна политичка поддршка, политички чадор не можете да влезете вие кај човек кој знае како ги стекнал тие милиони и да му кажете ќе дадеш сега 920 илјади евра, вели Бишевац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега