Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова утре ќе биде домаќин на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопшти Кабинетот на македонската претседателка.
Бегај ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.
Во рамки на официјалната посета, претседателот Бегај ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Денеска, пред официјалната програма, албанскиот претседател ќе има средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Општина Чаир соопшти дека градоначалникот, во духот на унапредување на институционалната соработка и зацврстување на билатералните односи, ќе го пречека претседателот Бегај со свечен прием.
По средбата, заедно со придружната делегација, Бегај ќе ја посети џамијата Мустафа Паша и Старaта чаршија, каде ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓeрѓ Кастриот – Скендербег, проследено со изведба на националната химна и културно-уметничка програма од Државниот ансамбл.


