Биланс од протестот во Тетово: Двајца приведени – има повредени полицајци

 

Тетовската полиција информира дека за време на денешниот протест во градот и во Мала Речица има повредени полицајци, како и приведени лица меѓу демонстрантите.

– Полициски службеници на СВР Тетово лишија од слобода две лица, 52-годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево, поради нивна инволвираност во денешниот протест. Полесно се повредени четворица полициски службеници, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Според информациите на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. 

17.09.2021 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега