Била обична домаќинка а никој не знаел дека води таен живот: Добила задача да го убие Хитлер но Москва рекла „НЕ“ (ВИДЕО)

Елегантната британска домаќинка и мајка на три деца, г-ѓа Лен Бартон, која живееше во селото Грејт Ролит, Оксфордшир, беше позната не само по своите колачиња, туку и по интригантниот акцент што придонесе за нејзиниот шарм.

Никој не знаеше за тајната што таа вешто ја криеше со години. Г-ѓа Бартон беше Урсула Качински, полковник во Црвената армија, односно агент Соња, пишува биографот Бен Мекинтајр во новата книга „Агент Соња: љубовница, мајка, војник, шпион“.

Книгата е објавена пред неколку дена, а оваа приказна веќе привлече големо внимание.

Како што е наведено, Лен се преселила во едно британско село кон крајот на триесеттите години, со сопругот и трите деца и многу брзо се навикнала на селскиот живот таму.

Родена во Германија, таа била посветен комунист, украсен советски разузнавач и високо обучен шпион кој водел операции во Кина, Полска и Швајцарија, пред да дојде во Велика Британија по наредба на Москва.

Таа комуницирала со Советите преку радио.

Се омажила за архитектот Рудолф Хамбургер, кому му беше понудено да работи во Шангај. Таму, Лен била регрутирана од советскиот шпион Ричард Сорџ, а потоа го започна својот двоен живот, за кој нејзиното семејство немало поим.

Мекинтајр наведува дека станала шпион од идеолошки верувања, но и водена од „неверојатна комбинација на амбиција, романса и авантура“.

Во 1934 година, таа спровела 7-месечен тренинг во Москва, каде ја научила Морзеовата азбука , како да собира и управува со радија и други шпионски способности. На крајот се вратила во Кина каде го добила партнерот Јохан Патру, кој станал нејзин љубовник и татко на нејзиното второ дете.

Нејзината задача била да прошверцува делови од радио во мечето на нејзиното дете и на тој начин да ги снабдува комунистите.

Во 1938 година, Урсула и Рудолф заминаа во Швајцарија.

Наводно, Качински добила задача да го убие Хитлер во неговиот омилен ресторан во Минхен, но тоа не се случи бидејќи двете земји потпишале договор за ненапаѓање, па од Москва пристигнало известување: „Престанете со сите активности против Германија“.

Била во голема неволја, бидејќи била во Швајцарија со германски пасош, за да избегне враќање во Германија, таа се развела од сопругот и се омажи за свој колега шпион, Англичанец, кој се борел во Шпанија.

Подоцна тој станал татко на нејзиното трето дете. Кога добила британски пасош, се населила во Велика Британија и продолжила да работи за Москва.

Додека нејзините деца спиеле, таа испраќала извештаи, честопати за британски истражувања за атомско оружје.

Иако беше под надзор на МИ5, никогаш не беше фатена.

Кога бил уапсен нејзиниот извор, Клаус Фус, германски комунист во бегство, таа ја напушта земјата со своите деца и замина во Источен Берлин. Дури когапобегнала одлучила да ја напушти шпиунската игра.

Агентот Соња почина во 2000 година на 93-годишна возраст.

„Живееше неколку животи, беше жена со повеќе имиња и улоги“, рече Мекинтајр.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа