Била најугледен гинеколог во Русија додека не се дознало што им прави на мајките: Бебе поради неа останало неподвижно

Марина Сармосјан, началничка на породилиштетот во Москва и една од најпопуларните гинеколози во овој град е уапсена во Москва, а нејзините вработени се отпуштени.

Како што наведуваат тамошните медиуми, голем број родилки се жалеле на стравичните услови во кои се породувале, затоа што докторката по секоја цена избегнувала царски рез, без оглед на состојбата на родилката.

Поради тоа се сомничи дека е одговорна за смртта на едно бебе. Освн тоа, најмалку три случаи родиле бебе со значајни оштетувања на мозокот поради тоа што мајката не била испратена на царски рез.

Татјана Бенграф е една од мајките кои се жалеле на началничката.

Бенграф верува дека поради немарноста на лекарите нејзината ќерка е неподвижна и дека за време на породувањето Сармосјан се однесувала прилично агресивно и дека практично го истиснувала бебето од утробата. Девојчето едвај преживеало клиничка смрт.

Покрај тоа Татјана, сведочела и за вработените кои во документите ги прекриле резултатите на своето нечовештво.

Марина и нејзиното смеејство велат дека станува збор за местенка, а се чека да се види каква казна ќе сноси.

Факт е дека Марина, како што пренесуваат руските медиуми, има 20 години искуство и дека во ноември оваа година болницата која ја водела добила интернационално признание од организацијата WHO и УНИЦЕФ, а јавноста и понатаму не може да поверува дека ваква угледна лекарка можела да прави такви монструозни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега