Бил пијан и живеел во автомобил - нови детали за убиецот кој со автомобил покоси луѓе во Германија

Маж на 51-годишна возраст со автомобил влетал на пешачката зона во германскиот град Трир и убил 4 лица, меѓ кои и татко и 9-месечно бебе.

Возачот бил запрен од полицијата 4 минути после доаѓањето на Брзатата помош на местото на настанот. При апсењето возачот пружал жесток отпор.

Засега нема информации за мотивот на нападот.

„Најмладата жртва имала 9 месеци, а најстарата 73 години. Загинале и 25-годишна девојка и 45-годишен маж“, објавила полицијата.

„Возачот немал криминално досие, а последните неколку дена ги поминал во аавтомобил, тој за време на нападот бил пијан, му биле измерени 1,4 промили алкохол во крвта. Мотивот на нападот не бил ниту политички, ниту верски“, рекол Франц Дитер Анкер, потпретседател на седиштето на полицијата.

Министерот за внатрешни работи, Роџер Лавенз изјавил дека возачот свесно сакал да убие што е можно повеќе луѓе, затоа што се покажало дека возел по крива линија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега