Бил Гејтс укажа што мора да се направи за да се победи коронавирусот: „Ќе продолжи да се враќа“

„Додека не ја запреме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа“ - предупредил Бил Гејтс.

„Сите земји од светот мора да се соединат за да се запре пандемијата коронавирус“ - порачал Бил Гејтс во емисија за њујоршкото списание „Time“.

Инаку, Гејтс е основач на корпорацијата „Microsoft“ и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.

„Пандемијата го погодува здравјето на луѓето и економијата, во сите делови од светот - без исклучок.

Борбата против ширењето на вирусот почнува во внатрешноста на секоја земја, но таму не смее да запре, мора да продолжи“ - укажал Гејтс, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој порачал дека сите земји мора заедно да тргнат во борбата против овој вирус:

„Додека не ја запреме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа“ - предупредил Гејтс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега