Бил Гејтс порача: Изненаден сум од бројот на лудачки и злонамерни теории на завери кои се шират за мене

Филантропот и коосновач на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс изјавил дека е затекнат од бројот, како што вели, „лудачки и злонамерни“ теории на завери за него кои се шират на социјалните мрежи во време траење на пандемијата коронавирус.

Во денешното интервју за Ројтерс, Гејтс изјави дека би сакал да разгледа што всушност стои зад таквите обвинувања и констатирал дека зад милионските објави на социјалните мрежи против него и американскиот инфектолот Ентони Фаучи за време на пандемијата се крие страв од заразата во комбинација со експанзија на социјалните мрежи.

„Кој би помислил дека д-р Фаучи ќе биде мета на такви навистина злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, рекол Гејтс.

Меѓу бројните теории на завери на сметка на Гејтс и Фаучи најзастапена е онаа дека пандемијата е намерно предизвикана за да се воспостави контрола над населението и да се извлече финансиски профит, а дека вакцината треба да послужи за на луѓето да им се вбризга микро чип за надзор и контрола на движење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа