Бил Гејтс откри: Ќе морате да примите вакцина двапати, старите лица можеби и трипати

Новинарката и водителка на ЦБС го праша Бил Гејтс колку дози вакцина ќе ни требаат. Неговиот одговор изненади:

„Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават не е доволна да заштити во единечна доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да примат повеќе од две дози “.

Пред околу десетина дена, Гејтс апелираше лекови за ковид-19 и потенцијална вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на „оној што плаќа повеќе“, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

Ако едноставно дозволиме лекови и вакцини да одат на оние кои плаќаат најмногу, наместо на луѓе и места каде што им се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и смртоносна пандемија, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката објавена за време на виртуелна конференција за коронавирус и борбата против СИДА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега