Бил Гејтс: Нова пандемија може да има за 3 години, но тогаш нема да бидеме толку глупави

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс предвидува нова пандемија на планетата.

На подкастот, милијардерот разговараше со актерката Рашид Џонс и главниот инфектолог во САД, Ентони Фаучи, за пандемијата на коронарниот вирус и промените што ќе ги донесе Ковид-19.

За време на разговорот, Џонс го праша Гејтс дали човештвото ќе биде поразено од нова пандемија.

„Да, ќе имаме среќа ако тоа се случи за дваесет години“, рече Гејтс.

Тој исто така потенцираше дека постои сценарио според кое може да се појави за три години.

Сепак, како што нагласи основачот на „Мајкрософт“, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемија.

Според него, дотогаш ќе се појават алгоритми, во согласност со кој ќе се воведе карантин, а системите за тестирање на потенцијалните носители на инфекцијата ќе се подобрат.

„Нема да бидеме толку глупави следниот пат“, заклучи тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега