Бијонсе им се придружи на американските ѕвезди во поддршка на војвотката од Сасекс

Поминаа неколку дена откако интервјуто на војводата и војвотката од Сасекс за Опра Винфри се емитуваше во САД и следната вечер во Велика Британија, но реакцијата на ТВ-бомбата продолжува од двете страни на Атлантикот.

Голем број на угледни селебрити-личности изразија јавна поддршка за Меган по интервјуто. Една од низата симпатизери е глобалната музичка сензација, Бијонсе, која се огласи со специјална порака на својата официјална веб-страница.

Во пораката, споделена во вторникот на 9 март, Бијонсе вели: „Ти благодарам Меган за храброста и лидерството. Сите сме појаки и инспирирани од тебе.“

Ова стои покрај фотографија на двете жени кои се сретнаа на лондонската премиера на „Кралот лав“ во јули 2019 година. Бијонсе го позајми гласот на лавицата Нала во римејкот на „Кралот лав“.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа