Бидете внимателни: Во текот на викендот, украдени две возила во Скопје

 

Во периодот од 19.00 часот на 11.03.2018 година до 08.00 часот на 12.03.2018 година, од дворно место на улица „Ибе Паликуќа“ во Скопје, сопственост на 60- годишниот Д.М, непознат сторител го одзел неговото патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Од МВР велат дека сторителот влегол во дворот преку незаклучената порта, а потоа и во возилото, го стартувал со клучевите кои биле оставени на бравата, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. 
Додека пак неколку дена порано, на 10.03.2018 година во 23 часот и 30 минути 44- годишниот  С.Н од село Брњарци, скопско, пријави дека истиот ден околу 19 часот и 30 минути  во село Брњарци, непознат сторител го одзел неговото патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки.

-Сторителот искористил згодна прилика, влегол во возилото, го стартувал со клучот кој бил на бравата и заминал во непознат правец.  На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари- велат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете возила и сторителите, како и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.03.2018 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа