Вчера попладне во Полициското одделение – Чашка било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, во Општина Чашка, е пронајдено безживотно тело на машко лице.

По преземените мерки од страна на полицијата, утврдено е дека се работи за 58-годишниот Ѓ.Ѓ. од Велес.

МВР извршила увид на местото на настанот и се работи на утврдување на точните причини за смртта.

Exit mobile version