Возачи од Кичево и Куманово ќе се соочат со сериозни правни последици откако биле фатени како управуваат возила под дејство на алкохол. Против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Првиот случај е регистриран во Кичево, каде Б.С.(45) е приведен откако возел со 1,60 промили. Вториот, потежок случај, е регистриран од страна на СВР Куманово во с. Челопек, каде кај возачот О.С.(48) се измерени високи 2,28 промили алкохол.

Од МВР нагласуваат дека ваквото однесување претставува сериозна закана за безбедноста во сообраќајот и дека случаите се целосно документирани.

Exit mobile version