Безбедносни служби предупредиле за опасната хемикалија на пристанишето во Бејрут: Две недели подоцна се случила страшната експлозија

Либанските безбедносни претставници ги предупредиле премиерот и претседателот минатиот месец дека 2.750 тони амониум нитрат, кои биле складирани во пристаништето во Бејрут, претставуваат безбедносен ризик и може да го уништат градот во случај на експлозија, дознава Ројтерс.

Нешто повеќе од две недели подоцна, на 4 август, се случи експлозија во која загинаа повеќе од 163 лица, повредени повеќе од 6.000 и уништија околу 6.000 згради.

Ројтерс наведува дека имал увид во извештајот на Генералниот директорат за државна безбедност за настаните што довеле до експлозија, а во кое било привлечено внимание на писмото испратено до претседателот Мишел Аун и премиерот Хасан Диаб на 20 јули.

Иако содржината на писмото не беше во извештајот, еден висок либански службеник за безбедност вели дека со писмото се сумирани наодите од судската истрага започната во јануари, во која се заклучува дека хемикалиите треба да бидат обезбедени веднаш.

Либанската влада вчера поднесе оставка, по масовните протести што уследија по катастрофалната експлозија во Бејрут минатата недела.

Штетата предизвикана од експлозијата се проценува на 15 милијарди долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега